Ќе изградиме две нови градинки и ќе ги прошириме и реновираме постоечките капацитети, со цел подобрување на условите за вработените и за дечињата што се згрижени во нив.
Новите детски градинки се предвидени на две локации – едната во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка“. Двата објекти ќе бидат од по 1480м2, на два ката со можност за згрижување од 130 до 150 деца од предучилишна возраст во еден објект. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места.
Новите детски градинки ќе бидат во согласност со најновите стандарди, енергетски ефикасни, со многу зеленило, и со површини за спроведување рекреативни и спортски активности за дечињата во текот на нивниот престој.
Реализацијата на овие проекти значително ќе го подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Децата се најважни..
Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики.