Рис Витерспун и нејзиниот поранешен сопруг Рајан Филип заедно го прославија осумнаесеттиот роденден на нивниот син Дикон.
Рис и Рајан, кои беа во брак од 1999 до 2007 година, и двајцата споделија емотивна почест на Инстаграм за нивниот син на неговиот посебен ден во саботата, кога позираа заедно со него за да ја одбележат таа прилика.
Рајан напиша на платформата за споделување слики: „Среќен 18. роденден на нашиот прекрасен, паметен, талентиран и грижлив син“.
А ѕвездата на Legally Blonde („Русокоса од Харвард“) сподели серија фотографии од нејзиниот син низ годините, вклучително и една како се подготвува да ги дува свеќите на неговата роденденска торта.
„Како се случи ова,“ ја наслови Рис објавата. „Еден ден тој менуваше Покемон карти, пееше песни на Бруно Марс и играше American Ninja Warrior (американски нинџа воин) во дворот“.
“Следниот ден, тој е повисок од мене, готви семејни стекови на скара и прави своја музика со неговите најдобри пријатели. Срцето ми пука од гордост за овој млади човек. Среќен 18-ти роденден Дикон! Те сакам до месечината околу сонцето и сите ѕвезди“.