Американскиот тиктокер Дастин Тајлер (36) е убеден дека негов татко е холивудскиот актер Киану Ривс (57), за што зборуваше во неколку свои видеа на Тик-ток во кои ги откри сите детали.
Дастин тврди дека неговите родители се разделиле пред мајка му да дознае дека е бремена и дека тој пораснал мислејќи дека татко му починал кога бил мал.
„Кога пораснав, мајка ми конечно ми ја откри вистината и се покажа дека татко ми е Кијану Ривс,“ објасни Дастин.
„Никогаш не сум рекол дека татко ми ме остави, но дека мајка ми не му кажала дека е бремена кога раскинале“, додава Тајлер. Тој истакна дека не очекува Кијану да го признае како свој син.
Неговите многубројни фанови одлучија да го поддржат во неговата приказна, а многумина од нив му поверуваа затоа што заклучија дека навистина наликува на актерот. Дастин вели дека не му е грижа дали татко му ќе го признае, само сака да го сподели ова сознание со сите.
Кијану сè уште јавно не се изјаснил за наводното татковство.