Во Скопје пресметка за рехабилитација на поранешните европски прваци Вардар и Кил

Во салата во СЦ „Јане Сандански“ вечерва (20.45 ч.) ќе се соочат поранешните ракометни европски владетели Вардар и Кил во рамките од 6. коло во Групата А од елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите. Ова ќе биде натпревар за рехабилитација на двата тим. Вардар посакува да се извади по два последователин порази од Монпелје и од Алборг, а Кил нанижа неколку слаби резултати во ЛШ и во Бундеслигата. Во неделата загубија во домашното дерби од Магдебург на домашен терен (27-29), а во последните пет меча имаат уште три нерешени исхода (Пик Сегед, Лемго и Фуксе Берлин) и само една победа, против Загреб.

Кил со Скопје пристигна со проблеми бидејќи во составот ќе нема тројца носители на играта. Ќе неодстасува еден од најдобрите светски ракометари во последните шест години, Сандер Сагосен, десниот бек Штефан Вајнхолд и „тепачот“ во одбраната Патрик Винчек. Но и без ови тројца, тренерот Филип Јиха има на рсполагање состав за почит со Дувњак, Рајнкинд, Пекелер, Ландин на голот…

Кај Вардар се враќа голманот Борко Ристовски, па поради тоа Али Сафар излезе од составот, а останатите 15 се најподготвените и најдобрите во моментов. Веселин Вујовиќ зборуваш со комплименти за играта во Алборг, без разлика што Вардар загуби. Посакува да ја повторат посветеноста и концентрацијата од поголемиот дел од тој натпревар, бидејќи без тоа не можат да се надигруваат со ривал како Кил.

Кил во ЛШ е на третото место во групата А, со седум бода, два повеќе од Вардар, кој е петти.

Треба да знаете
Последни објави