Заев: Арсовска е унгарски конзул, граѓанин на Бугарија, а Скопје бира градоначалник, а не кмет

Данела Арсовска се определила да биде почесен конзул на Унгарија, да биде мост меѓу Македонија и Унгарија и да застапува друга држава, сега испаѓа дека е државјанин на трета држава. Тоа е сепак премногу, па уште се кандидира и за градоначалник. Во Скопје сепак се бира градоначалник, а не кмет, за тоа може да се кандидира во Бугарија“ кажа премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во неговото гостување на Утрински брифинг.

Тој кажа дека нема ништо лошо во тоа што Арсовска е бугарски државјанин, но дека е политички, етички и морално нечесно тоа што го крие тоа и се обидува да ги манипулира граѓаните.

„Очекувам кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска да се повелече, бидејќи не смее да го понижува народот до толку. Треба веднаш да се повлече ако малку го сака Скопје и скопјани. Ако таа сега вака нечесно се поставува, што ќе се случи доколку биде избрана?“ запраша Заев.

Треба да знаете
Последни објави