Почитувани сограѓани,
Битола ќе добие современа противпожарна заштита по теркот на модерните европски градови.
На тоа не обврзува и традицијата. Битолската противпожарна станица е формирана во 1836 година. Првиот противпожарен одред во градот е и прв на Балканот во тоа време.
Битолската станица е значаен регионален противпожарен центар.
За да го зачува тој епитет потребни се нови и сериозни инвестиции. Во таа смисла најавувам изградба на нов современ објект за противпожарна заштита кој ќе биде лоциран во комплексот на АРМ.
Истиот ќе биде изграден по најсовремени стандарди и ќе ги исполнува сите потребни услови за непречено функционирање на единицата. Предвидени се и нови 15 вработувања на пожарникари.
Дополнително, комплетно ќе се обнови опремата на пожарникарите. Ќе се набават нови противпожарни возила за новата, но и за актуелната противпожарна единица.
Финансирањето на овој проект ќе биде преку општината, централната власт, невладини организации и фондации и странски проекти. За оваа цел општината по брза постапка ќе ја реализира целосната документација во согласнот со ГУП и ДУП.