„Денес имав одлична средба со Арјанит Хоџа, генералниот секретар на БЕСА со кој разменивме мислења за состојбите во главниот град. Драго ми е што тој и неговата партија го препознаваат напредокот што Скопје го направи во изминатите четири години и ми даваат поддршка во вториот круг. Обединувањето расте и нашиот блок постојано се окрупнува. Одиме заедно на победа, победа за еднаков град за сите“, вели Шилегов за средбата со ГенСек на Беса.
„Скопје за четири години целосно се промени, од град каде владееја поделби и нерамномерен развој, денес Скопје е сосема поинаква приказна. Скопје вложува во секој дел од градот со цел сите негови жители да имаат еднаков пристап до квалитетна и модерна инфраструктура. Во следните четири години продолжуваме обединето за подобро, модерно и европско Скопје“. истакнува Шилегов.