Погба ги прекина преговорите со Манчестер јунајтед за продолжување на договорот

Играчот од средниот ред на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Пол Погба ги прекина преговорите за продолжување на договорот, објави „ЕСПН”.

Договорот на францускиот интеранционалец му завршува во летото 2022 година.

Манчестер јунајтед сака што поскоро да го обнови договорот со Французинот за да не си замине бесплатно на крајот од сезоната.

Претходно беше објавено дека по натпреварот со Ливерпул (0:5) во Премиер лигата, фудбалерот им се извини на соиграчите за исклучувањето, а го навредуваше и главниот тренер Оле Гунар Солскјаер.

Погба е во Манчестер Јунајтед од 2016 година. 

Треба да знаете
Последни објави