ФК Вардар продаден за 32.520 евра

Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар кој за прв пат сезонава во домашниот шампион игра во второлигашкото друштво, од вчера има нов сопственик откако на Македонската берза беа продадени 100 акции по цена од 20.000 денари за акција, пишува Фактор.

<Целата трансакција изнесува 32.520 евра, односно два милони денари. Продавач на акциите е РК Вардар кој беше сопственик на ФК Вардар ! Со купувањето на ФК Вардар, новиот сопственик ги презеде и долговите на „црвено-црните“ кои изнесуваат околу три милиони евра.

Неофицијално, нов сопственик на ФК Вардар е скопската компанија „Блу Скај“, која пред два месеци се договорија со градот Скопје да го преземат управувањето на клубот, а исто така и ги презедоа долговите на клубот, но сеуште не е запишан во официјалните документи за сопствеништво.

Треба да знаете
Последни објави