Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека фудбалскиот календар е презафатен.
– Во денешно време се емитува многу фудбал и како навивач ми се допаѓа. Но, како учесник на настани, како тренер, верувам дека ова не е најдобрата опција за тренирање на тимови од највисоко ниво. На многу натпревари падна квалитетот на играта.
Мислам дека сега има премногу натпревари во календарот, ова треба да се поправи. ФИФА и УЕФА мора да го сторат тоа, бидејќи ако играчите се уморат премногу, ќе нема натпревари, изјави италијанскиот фудбалски стручњак.
На згуснатиот календар често пати се жалат и самите фудбалери, кои се презаморени и повеќе изложени на повреди.