Брендан Фрејзер, актерот од акционата авантура „Џорџ од џунглата“, е избран за улогата на Фајрфлај, социопат кој сака пиротехника во претстојниот проект на „Ди-си“, иако конкретните детали за дејствието на филмот – чија премиера ќе биде на „Ејч-би-о макс“ следната година – остануваат непознати.
Кристина Ходсон го напиша сценариото, а Кристин Бур треба да биде продуцент.
Бројни ликови ја играа суперхероината во универзумот на Бетмен, но Барбара Гордон е најистакната меѓу нив, иако ликот дебитираше во стриповите како Бети Кејн во 1961 година