Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412, откако вчера беа потврдени нови 511 случаи.
Според последните информации од министерството за здравство, во моментот, како активно заразени се водат 6.191 лице, од кои речиси половина се од Скопје (3.177). Потоа следат Куманово со 433 активни случаи и Велес со 316.
Над 200 заразени има во Прилеп (243) и Битола (207), а над 100 лица во моментот се позитивни на ковид во Кавадарци (196), Штип (191), Охрид (183), Кочани (166), Струмица (134), Крива Паланка (118) и Тетово (105).
Од министерството за здравство соопштија дека во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 проценти биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во периодот од 15 до 21 октомври, 97 пациенти починати од Ковид-19 биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле прва и втора доза. Според последниот извештај, еден починат пациент бил вакциниран со вакцината на „Фајзер“. Двајца со вакцината на „Астра зенека“, шест починати пациенти од Ковид-19 ја примиле вакцината на „Синовак“, а 16 пациенти ја примиле вакцината од производителот „Синофарм“, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината „спутник В“. Од Министесртвото соопштија дека поголем дел од починатите вакцинирани пациенти имале кардиолошки заболувања.
Досега од почетокот на пандемијата починаа 7.072 лица, а оздравени се 187.149. Направени се вкупно 1.369.624 тестирања на Ковид-19.
Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165, а трета доза примиле 15.851 граѓанин. Педесет и четири проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Најмногу интерес деновиве има за трета доза, а намал е оној за правата.