Ван де Бек ги одбил услугите на Мино Рајола

Фудбалерот од средниот ред на анлжглискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек, одбил да соработува со менаџерот Мино Рајола, пишува „Дејли експрес”.

Според изворот, Рајола му понудил на 24-годишниот Холанѓанец да помогне во заминувањето од сегашниот клуб, но играчот одбил.

Ван де Бек моментално го претставува „HCM Sports Management”, кој исто така работи со поранешниот партнер на фудбалерот во Ајакс, Френки де Јонг.

На 26 октомври беше објавено дека Ван де Бек сака да смени менаџер за да го забрза трансферот од Манчестер јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави