Денес, остваривме средба со претставници на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, на која ја потпишав Декларацијата за лицата со попреченост, соопшти Душко Весковски, кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ и коалицијата.
-Се обврзав во првите 6 месеци од мојот мандат дека Општината под мое раководство ќе направи мапирање на социјалните сервиси и ќе изготви Социјален план на Општина Карпош, чија реализација ќе биде спроведена партнерски со сите засегнати страни. Исто така, ветувам дека во текот на првата година од мојот мандат ќе ги анкетирам и регистрирам сите лица со попреченост со посебен осврт на нивните потреби, но и на нивните вештини и знаења во правец на задоволување на потребите, нивна инклузија, интеграција и социјализација.
Ова ќе претставува значаен придонес во креирањето на Националниот регистар на лица со попреченост.
Ова е уште еден доказ за сериозниот пристап за поддршка на лицата со попреченост и нивна инклузија во Општина Карпош и општеството воопшто.
Нашата цел е општина Карпош да стане најинклузивната општина во Скопје, но и пошироко.