Во последниве години, зборовите „нова комедија со Роберт де Ниро“ предизвикуваа бран разочарување дури и кај неговите најпосветени фанови, бидејќи двократниот оскаровец во неколку наврати, со филмови како Little Fockers и Dirty Grandpa, го валка своето беспрекорно наследство, оценуваат филмски критичари.
Но со најновата комедија, Тhe Comeback Trail, Де Ниро ги поби и критичарите и сите оние кои мислеа дека не треба да глуми во комедии.
Во „Тhe Comeback Trail („Патека на враќање“), неговиот последен обид да измами насмевка, легендарниот актер го глуми филмскиот продуцент од 1970-тите Макс Барбер, кој смислува план да ја убие ѕвездата на својот нов вестерн и да се збогати од исплатата на осигурувањето.
За разлика од неговите неколку понови комедии , Де Ниро овде изгледа ангажирано, ентузијастично и е навистина смешен.
Во новата урнебесна комедија друштво му прават уште двајца холивудски ветерани Томи Ли Џонс и Морган Фримен. Режисер е Џорџ Гало.
The Comeback Trail е римејк на истоимениот филм од 1982 година и станува збор филмски продуцент што ѝ должи пари на мафијата.