Во Србија денеска се евидентирани 6.948 новозаразени граѓани од коронавирусот и 64 починати како последица од компликациите кои настанале од оваа инфекција. Вкупниот број заболени од овој вирус од почетокот на пандемијата во Србија достигна 1.118.905 лица, а битката за живот ја загубиле вкупно 9.698.
На болничко лекување моментално се наоѓаат 6.791 пациент од кои 277 се приклучени на респираторни машини.
Во последните 24 часа се направени 24.490 тестови.