ДИК го врати старото Упатство за важечки и неважечки ливчиња

Државната изборна комисија (ДИК) изгласа поништување на донесената измена на упатството за важечки и неважечки ливчиња. Измената уследи по пресудата на Управниот суд за прогласување за неважечки на гласачките ливчиња во избирачкото место во Шуто Оризари, поради пропусти на избирачкиот одбор, односно поради неставање печат, како што информираа претседателот на ДИК Александар Даштевски и членот на комисијата Борис Кондарко.

– Ваквата измена на упатството за примена на член 110 од изборниот законик произлезе од пресудата на Управниот суд каде што меѓудругото се вели, во таа смисла недозволиво е поради пропусти направени од членови на избирачкиот одбор гласачите кои гласале и ја изјавиле својата волја на гласањето, нивните гласачки ливчиња кои немале печат да се сметаат за неважечки. Поради ова ДИК го измени упатството за важечко и неважечко гласачко ливче, само во делот каде што се вели дека гласачко ливче е неважечко ако на него нема ставено печат со интенција да се почитува волјата на гласачот, доколку е направен намерен или ненамерен пропуст од страна на избирачкиот одбор – објасни Даштевски.

Истовремено, Даштевски нагласи оти ДИК укажува дека определувањето на важечко или неважечко гласачко ливче е опишано во член 110 и 115 од Изборниот законик, додека постапката за гласање се пропишува со член 109 од Изборниот законик. Токму затоа, според Даштевски, ДИК ја укинува вчерашната измена на упатството за важечки и неважечки ливчиња со што во сила ќе го стави претходното упатство.

Треба да знаете
Последни објави