Мора да ја спасиме нашата планета, апелира Били Ајлиш во пресрет на самитот за климата

Музичката ѕвезда Били Ајлиш ги здружи силите со научниците од групата Arctic Basecamp во вторникот, повикувајќи ги светските лидери да преземат итна акција на климатскиот самит на Обединетите нации – COP26 следната недела.

Пејачката сними видео-порака, со актерот Рејн Вилсон од The Office, истражувачот Левисон Вуд и Роберт Ирвин, син на починатиот австралиски конзерватор Стив Ирвин, кои исто така го позајмија својот глас за проектот во соработка со британскиот Универзитет во Екситер.

Глобалниот самит за климата, чиј домаќин е британскиот премиер Борис Џонсон, започнува во Глазгов на 31 октомври.

„Оваа година нашите лидери одлучуваат за глобалните активности потребни за климатската вонредна состојба во животната средина во критична деценија за нашата планета“, вели Ајлиш.

„Мораме да застанеме заедно и да зборуваме за да ја спасиме нашата планета, не само за нас, туку и за идните генерации. Потребна е итна акција, треба да работиме заедно како еден.“

Треба да знаете
Последни објави