Советот на Апелацискиот суд во рамки на Специјалниот суд за УЧК ја одби жалбата на поранешниот командант на терористичката група Хашим Тачи на одлуката на судијата за претрес за одредување мерка притвор.
Како што се наведува, Тачи не успеал да докаже зошто прелиминарната одлука била неразумна кога станува збор за ризикот од неговото евентуално привремено пуштање на слобода.
Во обвинението, потврдено на 26 октомври 2020 година, Тачи е обвинет за кривична дела воени злосторства и злосторства против човештвото, а обвинетите се и Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи. Сите се изјаснија дека не се виновни. Тие беа уапсени на 5 ноември 2020 година, по што беа префрлени во притвор во Хаг.
Сите четворица се товарат за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на 40 места каде што луѓето биле неоправдано лишени од слобода, мачени и убиени и се соочуваат со доживотна затворска казна.
Во обвинението се наведува дека злосторствата биле извршени меѓу март 1998 година и најдоцна септември 1999 година на неколку места во Косово, како и во Кукс и Чахан, во северна Албанија.
Според обвинението, делата ги извршиле припадници на ОВК против стотици цивили и луѓе кои не беа активни учесници во воените дејствија. Жртвите беа претежно Срби, но и Албанци нелојални на ОВК.
Во обвинението се наведува дека Тачи, Весељи, Селими и Красница сносат индивидуална кривична одговорност, според различни форми на кривична одговорност, за злосторства извршени во контекст на немеѓународниот вооружен конфликт на Косово, кои биле дел од широк и систематски напад врз лицата осомничени дека биле против ОВК.