Петков по одлуката на Уставниот суд: Бугарија денеска загуби дел од својот суверенитет

По денешната одлука на бугарскиот Уставен суд доскорешен министер за економија во преодната влада и еден од лидерите на движењето „Промените продолжуваат“, Кирил Петков, ја презеде целосната одговорност за тоа што го стори со своето двојно државјанство, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарскиот претседател Румен Радев го прекршил Уставот на земјата кога на 10 мај годинава го назначи Кирил Петков за министер за економија во преодната влада. Летото се дозна дека Петков има двојно бугарско и канадско државјанство, што според законите на Бугарија не му дозволува да извршува висока државна функција. Петков тогаш изјави дека на 21 април поднел барање до канадските власти за да се откаже од ова државјанство.

-Нема да престанам да работам за татковината и да ризикувам се во име на подобрата иднина на нашите деца! Не се плашам!, додаде поранешниот привремен министер за економија.

Петков потсети на позицијата на Уставниот суд дека еден месец не било пречка Дељан Пеевски, кој важи за најголем бизнисмен и сметан за бугарски олигарх, да биде на чело на Државната агенција за национална безбедност и истовремено да е член на бугарскиот Парламент. Според Петков, три недели пред парламентарните и претседателските избори во Бугарија, со оваа одлука Уставниот суд директно ќе влијае не само на неговата, туку и на кампањата на претседателот на Република Бугарија, правејќи го тоа брзо, без воопшто да му ја даде право на писмена одбрана.

-Многу ми е жал што денеска овој ист суд им порача на два милиона бугарски државјани надвор од Бугарија, од кои многумина имаат двојно државјанство дека не се полноправни граѓани на Бугарија. Вашата волја, дури и кога ќе се откажете и ќе ги предадете пасошите во име на татковината, нема да биде почитувана од бугарскиот двор! Вашата судбина и судбината на владата на Бугарија зависат од странски држави, реагираше Петков.

Треба да знаете
Последни објави