Нови 444 случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија од вкупно 3210 направени тестови.
Според информациите најголем број од заразените се од Скопје, вкупно 187 лица, додека Куманово е втор на листата со 37 заразени, трет е Штип со 20, потоа следуваат Тетово,Прилеп, Битола, Кавадарци со под 20 новозаразени.
Од коронавирус починале 15 лица. И тоа по 3 лица од Скопје и Струмица, по 2 лица од Тетово Кочани, по еден починат има и во Прилеп, Кавадарци, Штип и Радовиш.
Оздравеле 225 луѓе.