Вкупно 6.089 дози вакцини се аплицирани во текот на вчерашниот ден. Прва доза вакцина против Ковид-19 вчера примиле 709 граѓани, ревакцинирани се 1.148 граѓани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина.
Како што соопшти Министерството за здравство, заклучно со 26 октомври 2021 година вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424, а трета доза примиле 20.119 граѓани. Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.