Три девојчиња и една жена загинаа денеска кога чамецот со мигранти потона кај грчкиот остров Хиос. Најмалку едно лице од чамецот се води како исчезнато, а 22 се спасени, соопшти грчката крајбрежна стража.
Во несреќата на чамецот кој тргнал од Турција се спасени 14 мажи, седум жени и едно дете, пренесува Бета. Девојчињата што се удавиле биле на возраст од три до 14 години, соопштија властите.
Грчкиот министер за миграција Нотис Митараки ја обвини Турција дека не го следи спроведувањето на договорот со ЕУ од 2016 година, според кој Анкара треба да ги спречи барателите на азил да се движат кон ЕУ.