Музичката суперѕвезда Адел во вторникот изјави дека следното лето ќе одржи два концерта во лондонскиот Хајд Парк, нејзин прв настап во последниве пет години.
Најавата, како што пренесоа британски медиуми, предизвикала уривање на нејзината веб-страница бидејќи фановите брзале да се регистрираат за претпродажба на билети.
Ова ќе бидат први настапи на Адел од 2017 година.
Неколку британски портали објавија дека нејзината веб-страница паднала, цитирајќи фанови кои велат дека не можеле да се пријават за претпродажба.