Денвер загуби на гостувањето кај Јута Џеј (122:110), но она што ги загрижи навивачите повеќе од поразот е повредата на Никола Јокиќ во 15 минути по дуелот кој го имаше со Руди Гобер. Се повреди и повеќе не се врати на паркетот. Јокиќ за 15 минути запиша 24 поени, 6 скокови и 6 асистенции и никој не го надмина до крајот на мечот.
Србинот доби непријатен удар во коленото и извесно време се држеше на болното место, по што замина во соблекувалната. По мечот со смирувачки тонови за навивачите се огласи тренерот на Денвер, Мајк Мелоун.
– Мислам дека не станува збор за ништо пресериозно. Му пријдов на Никола додека пробуваше да се загрева за второто полувреме и ги прашав како се чувствува. Ми рече дека се чувствува малку слабо во коленото и тогаш одлучив да не игра до крајот. Тоа беше моја одлука, а не негова. Не сакав да ризикувам, – изјави Мелоун кој отфрли посериозна повреда за неговиот најдобар играч.
Prayers up to Nikola Jokic ????????
The MVP exited the game after this collision with Rudy Gobert in the first half of Nuggets-Jazz.https://t.co/TLxwZchBkK
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) October 27, 2021