Ернандес избегна затвор, но ќе плати 400 евра

Францускиот фудбалски интеранционалец Лукас Ернандес од редовите на бундеслигашот Баерн Минхен се врати во Мадрид на закажаното  судско рочиште пред десетина дена и поднесе жалба за изречената завторска казна против него. Мерката затвор која му беше предвидена од Судот во Шпанија поради прекршување на условната казна која ја добија со неговата сопруга Амелија во 2017 година.

Поради физички напад, тогашниот фудбалер на Атлетико Мадрид доби забрана за приближување до сопругата во период од една година. Судот ги осуди него и сопругата Амелија на 31 ден друштвено корисна работа плус забрана за приоѓање на шест месеци, но тие заедно избегаа на меден месец по што и ден денеска се заедно. По враќањето од медениот месец Ернандес беше приведен на аеродромот во Мадрид и заврши зад решетки, додека неговата избраничка не заврши во затвор.

Судот во Шпанија пред 10 дена донесе одлука фудбалерот да оди в затвор, но тој се жалеше на одлуката и жалбата му беше прифатена. Фудбалерот во следните четири години не смее да направи ново кривично дело, а сега ќе мора да плати казна од 400 евра.

Треба да знаете
Последни објави