Немате смелост и знаење пред битолчани да кажете конкретни рокови за проекти иако со фамилијата сте дваесет години во политиката, му порача кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски во дебатата на Телма телевизија.
Тој кажа дека битолчани имаат штета токму од неговото владеење заедно со Владимир Талески и Зоран Коњановски. На прашањето кое ветување од противкандидатот би го спровел, Кондовски одговори:
-Неговата програма е апсурдна, нема проекти, но паркот во Нова Битола е добра идеја, но треба да кажат локација и буџет. Ако од идеја преминат на проект, тоа можам да го реализирам, кажа Кондовски.
Тој нагласи дека ќе биде градоначалник на сите и додаде дека бил деградиран од црната кампања ВМРО-ДПМНЕ на лична основа.
-Имам официјален документ од казнена евиденција со кој се потврдува дека не сум сторил кривично дело, рече Кондовски.