Ногачевски чека поддршка од ВМРО ДПМНЕ, а кандидатите им ги споредува со магаре

Ќе се поистовети ли Ногачески со магаре за да ги добие гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца?

Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески во вториот круг на локалните избори е во лов на гласовите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, само до пред некое време на социјалните мрежи тој се исмејуваше со гласачите и функционерите од оваа партија.

На неговиот Фејсбук профил може да се најде фотографија од магаре, на која пишува дека дури и магаре би гласале гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, доколку тоа им е наложена од партијата.

По ова се поставува прашањето дали Ногачески сега самиот ќе се поистовети со магаре, во обид да ги добие гласовите на опозициската партија во вториот круг на локалните избори, каде за противкандидат го има Игор Крцоски од СДСМ.

Ногачески исто така преку социјалните мрежи се исмеваше и со функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои пак за вториот круг најавија поддршка за сите кандидати кои за противник имаат кандидат од власта. Дали ВМРО-ДПМНЕ и гласачите ќе заборават на се и ќе гласаат за човек кој Антонио Милошоски го нарекуваше бугарофил и срам за тоа што води комитска вечер?

До каде се спреми и Ногачески, но и ВМРО-ДПМНЕ и нивните гласачи да одат во погазувањето на своите принципи и верувања, ќе видиме на изборите во недела.

Треба да знаете
Последни објави