Арифи: Ќе се бориме затоа што Тетово е нашиот голем историски идеал

Кандидатката за градоначалник на Тетово Теута Арифи заедно со раководството на нејзината партија ДУИ одржа завршен митинг на градскиот плоштад во пресрет на вториот круг од локалните избори в недела. Претставувајќи ја програмата Теута Арифи посочи дека Тетово не е само град туку и единствен заеднички дом и татковина.

– И со ваша поддршка, јас сум градоначалник на овој град на кој секогаш му била потребна грижа и фер лидерство. Сите овие години со ваша помош работев за уште еден булевар, уште едно училиште, уште еден водовод, уште еден проект, свесена дека токму овој град го заслужува најдоброто. Но, денес нашите достигнувања се загрозени. Во опасност е од големите амбиции на малите луѓе, во опасност е затоа што некој сака да стане голема жртва на мали политички пазарења. И затоа сме тука браќа и сестри. Тука сме да кажеме Враќање назад нема, истакна Теута Арифи.

Таа повика, на како што рече, поради таа опасност на битка.

-Ќе се бориме во секоја преостаната минута, ќе се бориме за секој човек, ќе се бориме за секоја улица, за секоја куќа, ќе се бориме затоа што Тетово е нашиот голем историски идеал, тоа е нашата европска иднина. Ќе се бориме за гасификација на градот, ќе се бориме за нови градинки и училишта, ќе се бориме за нови улици и булевари, за нов градски плоштад, ќе се бориме за оваа држава. Ќе се бориме за секоја педа од оваа наша стара земја со пот, крв и солзи, рече Арифи.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека во Тетово е направена европска кампања и оти победата е сигурна.

-Се работи за победа со пот, со агенда и со дух, кај нашите политички опоненти има само политика, тие имаат сува кампања, само теорија. Ние покажавме дека сме најдобри уште во првиот круг со освоени над 120 000 гласови, сето ова не прави горди и покажува дека и на централно на локално народот не подржува, ја подржува нашата зелена агенда која претставува одлична понуда со која ќе донесеме почист воздух почиста животна средина, а сето тоа можеме да го направиме затоа што имаме вистински луѓе. Арифи заслужува да биде градоначалник. Ќе работи во сите општествени сфери, истакна Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави