Шајло Џоли-Пит, ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, му оддаде признание на стилот на својата мајка во средата, кога се појави во обновена верзија на еден од фустаните на Анџелина.
15-годишната девојка изгледа прекрасно во цветен фустан додека му се придружи на своето познато семејство на премиерата на The Eternals („Вечните“) во Лондон.
Шајло го преправи фустанот „Диор“ што го носеше Анџелина на промоција на филмот Maleficent: Mistress of Evil („Господарка на злото“) во 2019 година.
Наместо оригиналниот долг вечерен фустан, Шајло се реши за кропната верзија до колена.
Таа изгледа добро расположена во друштво на мајката Аџелина (46) и своите браќа и сестри Захара (16), Вивиен (13), Медокс (20) и Нокс (13).
Модниот момент доаѓа откако сестрата на Шајло, Захара, исто така овој месец извади лист од книгата на стилови на нивната славна мајка.