Фронтменот на бендот „Марун фајв“, Адам Левин, откри дека бил запрепастен откако фан го зграпчи на сцената за време на концерт.
42-годишниот пејач беше на холивудскиот боул (Hollywood Bowl) во текот на викендот и ја пееше Sunday Morning со својот бенд на специјалниот концерт Wе Can Survive кога една обожавателка се качи на сцената и го фати за рака за време на песната.
На видео споделено на Тик-ток, Адам изгледа шокирано и може да се види како бега од неа додека обезбедувањето ја одвојува од него. Таблоидите објавија дека видеото имало над осум милиони прегледи истата вечер кога било споделено на платформата.
Некои фанови ја критикуваа неговата реакција и го повикаа да биде поскромен, но тој сега се огласи на својот Инстаграм во врска со инцидентот.
„Отсекогаш сум бил некој што ги сака, ги почитува, ги обожава нашите фанови. Без фанови, ние немаме работа – тоа постојано им го кажувам на нашите фанови,“ напиша тој.
„Само сакам да знаете, јас бев навистина запрепастен. А понекогаш кога ќе се запрепастите , морате да го оттргнете тоа и да продолжите понатаму – бидејќи јас ја работам мојата работа таму горе“.
Некои фанови застанаа во негова одбрана на социјалните мрежи, при што еден корисник на Тик-ток ги повика другите да престанат да ја бранат девојката што се качи на сцената.
Тие коментираа: „Како би било да престанеме да браниме луѓе кои допираат други луѓе без согласност.“