Утрово се одиграа десет натпреаври во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Настапи имаа и претедентите за освојувањето на шампионските прстени сезонава, но паднаа на фаворитскиот испит. Последните финалисти Милвоки и Феникс како и Бруклин и ЛА Лејкерс се порази.
Најдобар кај Минесота беше Дианџело Расел со 29 поени, Карл-Ентони Таунс даде 25 поени, додека кај Милвоки Јанис Адетокумпо имаше дабл-дабл од 40 поени и 16 скокови.
Сакраменто со 110:107 го совлада Феникс и тоа благодарение на тројката со звукот на сирената на Харисон Барнс. Најефикасен кај „кралевите“ беше Бади Хилд со 26 поени, херојот Барн постигна 22 поени, додека Деарон Фокс даде 18 поени.
Мајами со 106:93 го совлада фаворитот за титулата, Бруклин. Бем Адебајо беше најдобар кај Мајами со 24 поени и девет скокови, а блескаше и Џими Батлер со 17 поени и 14 скокови. Кај Бруклин расположен за игра беше Кевин Дурент кој заврши со 25 поени и 11 скокови.
Фаворитот во Западната конференција, ЛА Лејкерс го доживеа третиот пораз на стартот од сезоната и тоа од Оклахома 123:115. На Лејкерси не им помогна ниту големата предност од 26 поени во првото полувреме (30:56).
Тимот од Лос Анџелес загуби натпревар за прв пат по 25 години, вклучително и играњето во плејофот, кога имал предност од 25 поени или повеќе. Максималната предност на Лејкерси против Оклахома беше 26 поени.
Пред овој меч, Лејкерси победија на 230 натпревари во низа кога воделе со 25 или повеќе поени разлика.
Резултати: Орландо – Шарлот 111:120, Бостон – Вашингтон 107:116, Бруклин – Мајами 93:106,
Њу Орлеанс – Атланта 99:102, Торонто – Индијана 118:100, Милвоки – Минесота 108:113,
Оклхома сити – ЛА Лејкерс 123:115, Феникс – Сакраменто 107:110, Портланд – Мемфис 116:96,
ЛА Клиперс – Кливленд 79:92.