Во последните 24 часа во Србија се потврдени 6.697 нови случаи на Ковид-19, а починаа 63 лица.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека за да се запре епидемијата потребни се две работи – мора да се воведе ковид-пропусница во текот на целиот ден, а не само по 22 часот, и забрзана вакцинација.
Тој рече дека без посериозни рестриктивни мерки нема да има нагло опаѓање на бројот на нови пациенти.
„Медицинскиот дел од Кризниот штаб бара ковид-пропусницата да важи 24 часа. Нема поделба по тоа прашање, целиот медицински дел целосно го поддржува тоа“, изјави Кон за ТВ Танјуг.