Заев за ТВ Клан: Важно е граѓаните да излезат на гласање и да дадат правец на државата

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва во интервју за ТВ Клан истакна дека овие избори иако можеби не се историски, но ќе имаат историски последици и ќе го дадат правецот на државата.
Затоа е многу важно граѓаните да излезат на гласање и да и дадат правец на државата, нагласи Заев.
Тој додаде дека не може да се ита кон Европската унија и НАТО, кон пријателство со соседите, кон зближување на нашиот мултиетнички народ, ако некој шири национализми, ако некој прави кавги со соседите, ако некој е против Преспанскиот договор или Договорот со Бугарија или Охридскиот договор, знаат граѓаните дека едно со друго не оди.
Претседателот Заев најави game-change, истакнувајќи дека СДСМ го слуша гласот на граѓаните, се менува и коригира.
-Имавме и незадоволни наши гласачи поради персонални проблеми, затоа што не биле отворени нашите градоначалници, па дури и владините институции. Затоа правиме game-change, рече Заев, додавајќи дека одлуката за Бардовци докажува дека оваа власт постои за народот и знае да слуша.
Тој додаде дека коалицијата е силна и стабилна и сите политички партии покажале интерес да останат во коалицијата и помагаат во штабовите, бидејќи сите се заедно за ЕУ и за НАТО.
Со сите коалициски партнери очекувам да се поддржиме како што се договоривме, во Скопје ја очекувам поддршката и од Беса, ДУИ и ДПА, како и во Куманово, од каде очекувам поддршка и од Алтернатива. Од Алтернатива очекувам поддршка и во Скопје, затоа што иднината ни е заедничка. Тие се понижени од својот коалиционен партнер и потценети, но истовремено се понижени и со коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Не добија ништо за возврат на поддршката, а и нивната филозофија е во прогресивноста, рече Заев.
Тој најави зголемување на парламентарното мнозинство и истакна сека иднината со Алтернатива е заедничка.
Очекувам да расте мнозинството, бидејќи имаме две и пол години без избори и поголемо мнозинство е добредојдено, најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Според него поради потребата од оперативен и ефикасен Парламент во мнозинството ќе преминат опозициски партии кај кои има интерес.
Христијан Мицкоски четири години најавува ново парламентарно мнозинство, но тоа се „лажги со опашки”, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за телевизија Клан.

 

Треба да знаете
Последни објави