Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово денеска учествуваше на предизборно соочување на Телевизија Клан, при што истакна дека ги очекува гласовите од сите и дека граѓаните се тие кои ќе кажат кому ќе веруваат и кој ја исполнува програмата во целост.
„Во првиот круг освоивме гласови од сите граѓани на Куманово, како СДСМ ја создадовма концептот едно општество за сите, за сите граѓани да имаат еднакви права. ЛДП и ДОМ се наши коалициски партнер и ги повикуваме сите гласачи на Куманово. СДСМ имам голем коалициски капацитет, но сепак професионалноста треба да има она кое треба да не води во иднина.„
Илиевски истакна дека разговараше со сите коалициски партнери и се договориле целокупните програми да бидат реализирани.
„Разговаравме околу програмата и што треба да се реализира во идниот период. По изборите целокупната програма ќе биде реализирана.„ Илиевски рече дека ја имаат најдобрата програма која ја мапирале цела година со граѓаните, за нивните проблеми и во која нудат решенија за истите.