Илиевски: Ново детско катче и мини парк во Зелен рид, населбата има потенцијал за доуредување и разубавување на едно многу повисоко ниво

Денеска се наоѓаме во една од поубавите населби во Куманово. Зелен рид е населба која се наоѓа надвор од сообраќајниот метеж, а ваквите напуштени површини како оваа на којашто се наоѓаме имаат потенцијал за доуредување и разубавување на едно многу повисоко ниво, со системско решавање за урбан простор наменет за сите.

Ваквите големи простори не смеат да постојат, затоа ние тука на улицата “Мирче Ацев”, ќе изградиме две мултифункционални спортски игралишта, со најсовремени реквизити и услови за создавање на спортски успеси, како простор за секојдневна рекреација на граѓаните. Игралиштата ќе бидат изградени по сите светски стандарди за играње на мал фудбал, кошарка и ракомет, со можност за игра и во вечерните часови. За Куманово како спортски град, ваквите инвестиции се од големо значење за задржување на младите тука дома, обезбедуваме решенија кои ќе го негуваат и развиваат нивниот спортски дух.

Во нашата Програма Најдоброто за Куманово, го предвидовме и проектот Мој еколог, со кој Зелен рид ќе добие свој еколог за одржување и уредување на зелените површини низ целата населба. Целокупниот простор ќе биде уреден со клупи и урбана опрема и пространо зеленило. Како голема населба, во која во последниот период се изградени нови станбени згради, неопходно се појавува потребата за рекреирање, дружење и забава за најмалите. Затоа, во програмата, предвидуваме детско катче и еден мини парк, нема повеќе да одиме во градскиот парк во Скопје, парковите и детските катчиња ќе си ги изградиме тука и тука ќе си ги раснеме нашите најмали.

По спроведените истражувања, забележавме дека граѓаните од овде сакаат да пешачат токму поради тоа, на улиците “Васко Карангелевски” и “Авној” како едни од подолгите улици во градот, ќе изградиме пешачки патеки по должина на истите и целосно ќе ги реконструираме и доасфалтираме и споредните улици. На сите улици ќе бидат изградени тротоари со дрвореди.

Драги сограѓани,

Нашата програма не е листа на желби, туку листа на обврски и приоритети кои на Куманово му се неопходни. Да инвестираме во нашите маала, во нашите деца, во нашата животна средина. Тоа е целта, но и должноста на еден градоначалник.

Треба да знаете
Последни објави