Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово денеска учествуваше на предизборно соочување на Телевизија Клан, при што истакна декa прашањето со Алмир не треба да се политизира, но целото семејство Илиќ се во штаб на Димитриевски
„До толку да се спушти нивото од спротивниот табор, да се допре дното на политичката кампања на противкандидатот, не сум ни размислувал дека ќе дојдеме до тоа ниво. Ова е режија од страна на тимот на Димитриевски затоа што во последните два дена се јавуваат фотографии и поддршка од страна на Бојан Илиќ кон мене, а ги избришал сите објави за поддршка кон Димитриевски. Целата кумановска јавност знае дека семејството Илиќ се во штабот на Димитриевски. Не сакам повеќе да разговарам на оваа тема.„