„Битола студентски град“ e еден од епитетите со кои ние битолчани своевремено се гордеевме.
Голем број студенти од градот, но и од целата држава, своето високо образование го стекнале овде.
Отворањето на голем број факултети и универзитети низ целата држава, со текот на времето го намали бројот на студенти на битолскиот универзитет. Време е да создадеме услови студирањето во Битола повторно да биде атрактивно.
Затоа најавувам Општински СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ за запишување на студенти од Битола кои ќе одлучат своето студирање да го продолжат тука во Битола, на битолскиот универзитет.
Мерката предвидува целосно покривање на трошоците за упис на студенти кои се запишуваат во државна квота. Исто така предвидуваме покривање на половина од трошоците за упис на студенти кои се запишуваат во квотата со кофинансирање.
Во соработка со битолскиот универзитет и реалниот сектор ќе лобирам за квалитативно подобрување на образовниот процес, како и за отворање нови студиски програми за кои интересот е најголем. На тој начин младите битолчани ќе имаат поголеми можности со високо образование да се стекнат тука во Битола.
Ритамот на студентскиот живот ќе го врати епитетот Битола студентски град!