Костовски: Нема да го продадете СДСМ за сметка на ВМРО ДПМНЕ

„Социјалдемократите не се претставуваат лажно, напротив тука сме, меѓу своите граѓани со кои дури и кога е најтешко, стоиме на браникот на вистината. Ние граѓаните не ги делиме по ниту една основа, ниту ги манипулираме со ширење на лаги и невистини како што некој тоа сака да го претстави во јавноста”- рече денес на прес-конференција, Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ од Куманово.

Костовски вели дека транспарентно и отчетно се примаат сите критики од членството и граѓаните.

„Социјалдемократскиот сојуз како општинска организација во Куманово датира од 1991 година. Триесет години борба за градот, борба за просперитет, борба за вистински вредности. На овие локални избори ги потсетуваме сите граѓани, сите населби и урбани заедници дека зборуваме за европска иднина, за проекти, за прогрес и обединување. Чекориме храбро за одржување на трите најважни столба економија, социјала и животна средина“-вели Костовски.

Како дел од основачите, поранешни и сегашни членови на раководството на општинската организација на СДСМ, луѓе кои оставиле трага во Куманово, даваме јасна и недвосмислена поддршка и ве повикуваме сите заедно во недела на 31 октомври да го дадеме гласот за број 12, за Оливер Илиевски и ,,Најдоброто за нашата општина”.

Упатуваме порака до ,,лажниот социјалдемократ”  и тие како него дека во Куманово не поминува лицемерието. Нема да го продадете СДСМ за сметка на ВМРО ДПМНЕ. Нема да дозволиме влечење за уши на денот на изборите, нема да го дозволиме режимот во Куманово. Ќе се бориме за нашиот град, за дома, за нашите семејства, за нашите соседи, за сите граѓани и во недела да покажеме дека социјалдемократијата е света и дека со неа нема калкулирање, -порача Костовски.

Треба да знаете
Последни објави