Актуелниот англиски фудбалски премиерлигашки шампион и бранител на трофејот во Лига -купот, Манчестер сити е елиминирана од ова натпреаврување во осминафиналето од Вест Хем (0:0, 3:5 – на пенали).Тренерот на „граѓаните“ кои победнички го завршуваа четири сезони по ред натпреварувањето во Лига -купот, Пеп Гвардиола е задоволен од играта и покрај прекинатат доминација на неговите избраници во изминатите сезони.
– Покажавме добра игра, создадовме многу шанси на натпреварот со тим кој е навикнат да брани многу длабоко. Вест Хем се покажа посилен во пенал рулетот, честитки за пласманот во четвртфиналето. Ќе се вратиме следната година. За жал, Фоден не го реализира својот пенал, но ова е искуство, што значи дека следниот пат ќе биде поуспешен, го цитира Гвардиола „The National”.