Дали ќе му дадеме четврт мандат на Стевчо или Душко ќе добие прв за да направи се што може да направи за Капош.Покажавме во овие неколку дена дека навистина ја научивме лекцијата, знаеме да им служиме на граѓаните, остануваме на иста страна, затоа ја бараме вашата поддршка, на 31 октомври да гласаме за Петре и за Душко.Ова место плочникот пред Млечен секогаш ни носи среќа, така ќе биде и овојпат, СДСМ победува и во градот Скопје и во Карпош, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда, на трибината „Најдоброто за нашата општина“, Бојан Маричиќ.
-Скопје се сеќава и памети жалните врби, галиите го памети и барокот и теророт. Тоа е наследството на ВМРО-ДПМНЕ, кич, корупција и загадувањето. Петре има една поинаква скопска приказна, за првпат видовме како се градат мостови, булевари, велосипедски патики, за да го чувствуваме градот наш, а не обезличен, тој ги сопре кичот и загадувањето, дополни Маричиќ.
Тој дополни дека и Карпош се сеќава каков Гром удрил во 2013 година, од кој уште не може општината да се опорави.
-Зелените зони исчезнуваа од пред нас и никнуваа згради, се сеќаваме како не можевме да ги запишеме децата во градинка, затоа што Стевчо така одлучил, но затоа го имаме Душко кој има љубов и грижа за цел Карпош, а има и верба во подобар Карпош во подобра општина, дополни Маричиќ.
Тој рече дека Токму кандидатот за градоначалник на општината, Душко Весковски дава надеж дека нема да се вратиме во темното минато.
-Дали ќе му дадеме четврт мандат на Стевчо или Душко ќе добие прв за да направи се што може да направи за Капош.Покажавме во овие неколку дена дека навистина ја научивме лекцијата, знаеме да им служиме на граѓаните, остануваме на иста страна, затоа ја бараме вашата поддршка, на 31 октомври да гласаме за Петре и за Душко, порача Маричиќ.