Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Зимски соништа”

Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Зимски соништа”. Како солист ќе настапи виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија, диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за виола во е-мол, оп. 85 Транскрипција од Kонцертот за виолончело од Едвард Елгар и Симфонијата број 1 “Зимски соништа” од Чајковски.

„Зимска приказна” е првата симфониска музичка приказна на големиот руски композитор со која на фантастичен начин го најавил својот потентен оркестарски опус.

Тимоти Ридаут е еден од водечките млади солисти на светската музичка сцена. Тој е уметник на новата генерација на „Би-Би-Си” од 2019 година, a неговите концертни ангажмани оваа сезона вклучуваат настапи со оркестрите во Берлин, Бордо, Салцбург, Симфонискиот оркестар на „Би-Би-Си”… Настапувал со диригенти како Давид Цинман, Силвијан Кембрелинг, сер Андреас Шиф… Го нарекуваат виолист „чиј тон не може да биде посигурен, и чиј музички инстинкт инспирира самодоверба на секое можно ниво”.

Конрад Ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат. Се стекнал со популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој ги води пробите и изведбите.

Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам.

Треба да знаете
Последни објави