Прва работилница за обврските и одговорностите на офицерите за заштита на личните податоци во организација на ПРАЈВАСИ

Националното здружение за промоција на правото на заштита на личните податоци „ПРАЈВАСИ” започнува со едукативни работилници и семинари за примената на конкретни одредби од Законот за заштита на личните податоци, кој почна да се применува од август годинава, а кои се покажаа како предизвик, како и за најкомплексни прашања за исполнување на обврските и одговорностите за Офицерите за заштита на личните податоци.

Од ПРАЈВАСИ, посочуваат дека до денес во Агенцијата за заштита на личните податоци пријави за назначување на офицер за заштита на личните податоци доставиле повеќе илјади друштва, со што правно формално се назначени неколку илјади лица за Офицер за заштита на личните податоци, како и дека дадено е дополнително време од шест месеци сите друштвата да ги започнат и завршат постапките за усогласување на своето работењето со Законот.

– Иако овие лица можеби ги исполнуваат законските услови барања на високо образование за назначување на Офицер поголемиот дел од нив и покрај барањето на поседување на сертификат или знаења од областа на заштита за лични податоци скоро и да немаат никакво искуство или пак имаат конфликт на интереси од работното место, бидејки работат и голем број други работи, се вели во соопштението од ПРАЈВАСИ.

Првата работилница за обврските и одговорностите на офицерите за заштита на личните податоци и кои се активности е потребно да ги преземе по негово назначување ќе биде организирана на 4 ноември.

Треба да знаете
Последни објави