Ни крив, ни должен македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се претвори во херој на сите Каталонци по одбранетиот пенал на Мемфис Депај и поразот на Барселона кај Рајо Ваљекано, па упорниот притисок за смена на Куман конечно вроди со плод.
Управата на Барса ноќеска му врачи отказ на холандскиот тренер, а херојот Димитриевски сега нема навивач на Барса кој не му се заблагодарува, а некои од нив бараат дури и– статуа од Дон Столе пред „Камп Ноу“
„Статуа за Димитриевски пред „Камп Ноу“, напиша еден навивач на Барса после отказот на Куман.
El FC Barcelona ha destituido esta noche a Ronald Koeman como técnico del primer equipo
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) October 27, 2021
Друг, пак, Адри беше уште поконкретен. Поради Дон Столе Димитриевски сега слави цела Каталонија, па навивачите на Барса веќе го гледаат како еден од нив, клучен во битката да се набрка најлошиот тренер во историјата (Куман е прв по 85 години кој успеал да загуби три „ел класика“ по ред).
„Тој е човекот, тој е личноста! Тој е тој генијалец! Запомнете го – Дон Столе Димитриевски! Човекот кој го сопре пеналот на Мемфис и ги исполни соништата на сите Каталонци. Од денес и засекогаш Столе е еден од нас! Кога ќе ја освоиме шестата (титула во ЛШ – н.з.) во 2050 година ќе треба да му изградиме статуа“, објави навивачот на Барса, Адри.
Él es el hombre. Es la persona. Es el genio. Acuerdense de él. Cuando levantemos la sexta allá por 2050 debemos esculpirle una estatua. Don Stole Dimitrievski. El hombre que le paró el penalti a Memphis y cumplió el sueño de todos los culés. Hoy y siempre Stole es uno di noi. pic.twitter.com/JKjzBn0aGZ
— Adri (@ADRI11SZ) October 27, 2021