УНИЦЕФ: Во светот најмалку 200 милиони ученици немаат услови за образование од далечина

Најмалку 200 милиони деца во 31 земја со низок и среден приход немаат услови за образование на далечина, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ.

Според анализата на Индексот на подготвеност за образование на далечина на ОН, 31 од 67-те земји (најчесто во Западна и Централна Африка) не можат да обезбедат можности за образование на далечина, додека 17 од земјите се во можност да обезбедат само умерен пристап, пренесува Анадолија.

Во Извештајот на УНИЦЕФ се посочува дека предучилишното образование е образовна група која е најзапоставена и дека голем број земји не спроведоа соодветна политика за време на појавата на Ковид-19. Исто така, се додава дека Бенин, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Конго, Етиопија, Мадагаскар, Малави, Нигер и Того се меѓу земјите кои имаат најголема потреба во развојот на образовниот сектор.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе, истакна дека се работи напорно за да се искористи моќта на технологијата и да се обезбедат можности за образование на сите деца и млади луѓе.

Меѓу другото, во извештајот се наведува дека нема еднакви можности за пристап до образование на далечина и дека во некои земји не постои друг образовен систем кој би го заменил физичкото образование.

Треба да знаете
Последни објави