Видео обраќање од Дорис Пак, Претседател на асоцијацијата на жени во ЕПП со поддршка за Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје.
„Почитувани дами и господа, Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник, професионалец и докажан менаџер. Која ќе биде во служба на сите граѓани – Данела Арсовска. Млада, силна и посветена жена професионалец како Данела, може и ќе направи промени за подобро и модерно Скопје. Јас ја гледам Данела Арсовска како силен и посветен иден градоначалник на Скопје. Која ќе биде способна да ги имплементира неопходните реформи, во насока да обезбеди силен и функционален град, подобра инфраструктура и повеќе локални можности и услуги за сите граѓани. Ова ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите, во системот, и во политиката. Како претседател на ЕПП Жени, јас и честитам на нашата сестринска партија ВМРО за поддршка на кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.Ѝ посакувам да го потврди големиот успех, нејзината голема победа во вториот круг на локалните избори на 31 октомври. Се најдобро! Ви стискам палци!