Големите успеси кои во кариерата ги постигнува фудбалерот Мохамед Салах ќе се изучуваат како наставен предмет во египетските основни и средни училишта како дополнителна инспирација за учениците да постигнуваат успеси во животот.
Како што пренесуваат американските медиуми, спортските успеси на египетскиот напаѓач на Ливерпул и еден од најдобрите светски фудбалери ќе се изучуваат во пониските одделенија, а повозрасните ученици ќе се запознаваат се сè што Салах има направено за да врати во општеството дел од својот успеси.
Во учебниците се наведува дека „Салах сака да им помогне на другите, бидејќи сака да им даде шанса на децата да успеат во животот”.