Знаете дека четири години протестиравте за да го зачуваме Карпош заради урбанистичкиот хаос на Стевче Јакимовски, Не му значат ништо граѓаните, тој е колекционер и ги има сите партиски книшки и стана измеќар на Груевски, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина. Тој додаде дека треба да се оди напред и да не се погази достоинството.
-Ова црнило, закани и омрази и инцидентот во Влае од вчера сме ги имале секогаш под превезот на ВМРО, па дури и братоубиствени војни. Но, денеска имаме територијален интегритет и суверенитет и одиме напред затоа што ние припаѓаме на прогресивниот свет, кажа Заев.
Тој кажа дека СДСМ нуди одличен млад кадар во лицето на Душко Весковски, за разлика од Јакимовски.