За време на предизборната кампања, Данела Арсовска е во постојано друштво на членовите на здружението „Тодор Александров“ кои се познати по фашистички идеи и величање на ликови кои отворено го негирале идентитетот на македонскиот народ, блиски до бугарската идеја како и до движењето на Красимир Каракачанов во Бугарија, за кого исто така постојат тврдења дека е одговорен за издавање бугарски пасоши на граѓани од Северна Македонија.
На голем број фотографии се гледа како Арсовска во кампањата ја придружуваат лица од „Тодор Александров“, па затоа таа сега на јавноста и должи нов одговор, што бара во друштво на декларирани бугарофили, или одново ќе користи фрази дека тоа се лаги и манипулации.
ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат е токму Арсовска, никогаш не се дистанцираше од самонареченото „патриотско“ здружение „Тодор Александров“ и никогаш јавно не ги осуди сите акти со кои се промовираат фашистички симболи и идеи, а досега се познати и по бројни скандали за време на прославата на Илинден, како и за време на немирите на 27 Април. При упадот во парлементот кога беше загрозен животот на пратениците, членовите на ова здружение беа во првите редови. ВМРО ДПМНЕ исто така, никогаш не се извини за насилството на 27 април.
Ете ја релацијата, ВМРО ДПМНЕ- „Тодор Александров“ – Каракачанов – Даниела Арсовска со бугарската лична карта.