Бившото момче на Цеца Ражнатовиќ некогаш се занимаваше со манекенство, а денес работи како таксист – еве како изгледа

Пејачката Цеца Ражнатовиќ моментално ужива во љубовна врска со Богдан Срејовиќ, а неодамна папараците го уловија како неколку дена по ред преспива во домот на пејачката, па се претпоставува дека тој се преселил таму.

Меѓутоа, пред Богдан, Цеца беше во врска со манекенот Владимир Четковиќ Цвеле (44), но публиката го памети како прво момче кое Цеца го покажа по смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Имено, Цеца и Владимир се забавуваа шест месеци и не се криеја. Тие се забавуваа во 2010 година, а како што истакнаа раскинале поради разликите во карактерот.

Владимир се повлече од јавноста, иако медиумите го поврзуваа со дами од јавниот свет. Откако ја напушти модната писта, тој еден период работел како промотер за средување на коса.

Цвеле сега наводно работи како таксист на релацијата Нови Сад – Белград, а по личност наплаќа 275 денари.

-Владимир не може да заработи од таа работа бидејќи максимално може да земе 1100 денари, а толку изнесува горивото и патерината од Нови Сад – Белград“, вели извор близок на некогашниот манекен…

 

 

Преземено од Вистина.мк

Треба да знаете
Последни објави